За нас

Позната модна дизајнерка Вивиен Вествуд еднаш изјавила: “Јас не можам да мислам без моите очила”…
Оптика “Bella Vista” повеќе од 3 децении се грижи Вие да можете да “мислите” и да имате вистински поглед на светот околу Вас. 35 години успешно работиме во Македонија, во областа на оптиката и оптометријата.
Нашите почетоци датираат од 1991-ва година, со нашиот прв продажен објект во Охрид, со кој се позициониравме меѓу првите приватни оптики во Македонија кои се занимаваат со изработка, продажба и сервис на очни корективни помагала, како и очила за сонце.
Во текот на овие три децении макотрпна работа и искрена посветеност на нашите клиенти, станавме лидер во продажба и дистрибуција на оптички рамки на територијата на Р.Македонија.
Горди сме на податокот дека 35 години ја развиваме нашата успешна приказна, за што сведочи искуството и професионалноста на нашиот стручен тим, но и многуте задоволни клиенти, како од Македонија, така и од соседните држави.

Оптиката е доста специфична област и не треба да се сфати како класична трговија. Таа бара соодветна стручност, искуство, посветеност, следење на последните технолошки достигнувања во областа на оптиката и оптометријата, но и следење на модните трендови.
Опремата која ја поседуваме за изработка и сечење на оптичките леќи е од реномираната фирма “Esilor”, која ги користи највисоките технолошки достигнувања кои можат да одговорат на желбите и потребите на секој наш клиент.
Воедно, освен изработка и продажба, специјализирани сме и во делот на одржување и сервис на оптичките помагала, за што поседуваме доволен број на резервни делови.
Препознатливи сме и по тоа дека на одредени артикли даваме и до 2 години гаранција.
Нашата компанија располага со сите сертификати и дозволи кои се потребни за вршење на оваа дејност.

Работно време
Понеделник:09-21 ч.
Вторник:09-21 ч.
Среда:09-21 ч.
Четврток:09-21 ч.
Петок:09-21 ч.
Сабота:09-18 ч.
Недела:Затворено
Затвори Кошничка
Затвори Желби
Неодамна прегледани Затвори

Затвори
Навигација
Категории