Како правилно да ги користите меките контактни леќи?

Како правилно да ги користите меките контактни леќи?

Како да ги ставите контактните леќи на очите, или како да препознаете дека леќата е на правилната страна? Ова се прашања што многу почетници ги поставуваат кога носат меки контактни леќи. Подолу ќе ги најдете упатствата и основните правила што треба да ги следите!

Контактните леќи можат значително да влијаат на квалитетот на животот, но важно е безбедно да ги користите. Неправилната нега може да предизвика разни проблеми со очите, вклучително и сериозни инфекции.

Како да препознаете дека леќата е на погрешна страна?

Трикот е да ги ставите леќите на прстот, така што тие да имаат облика на “чинија“. Држете го близу очите и погледнете ги од профилот, како да гледате во чинијата од една страна. Ако леќите се во форма U, но надворешните рабови изгледаат испакнати и раширени према надвор, тогаш тие се наопаку. Ако леќата формира правилен облик на буквата U, тогаш таа е во правилна позиција. Некои контактни леќи имаат и ласерска ознака како на пример името на призводителот или бројот. Ако можете да го прочитате натписот, т.е. ако натписот не е обратен кога се гледа леќата однадвор, леќата е правилно поставена.

Како правилно да ги користите меките контактни леќи?

Ставање на контактните леќи 

Задолжително е убаво да ги измиете рацете пред да ставите контактни леќи, и избегнувајте миризливи и мрсни сапуни чии остатоци може да се придржуваат до површината на леќите. Особено, избегнувајте производи што содржат ланолин и навлажнувачки лосиони.

За да ги ставите леќите треба да ви бидат на горниот дел од показалецот, кој што треба да биде сув. Откако ќе ги ставите на окото, затворете го нежно и потоа трепкајте неколку пати за да ја поставите леќата во правилна позиција.

Отстранување на контактните леќи

Исто како и кога ги ставате и пред вадење на леќите секогаш убаво измијте ги рацете. Кога ги отстранувате контактните леќи, погледнете нагоре, а потоа нежно лизнете ја леќата кон надворешната страна на окото или надолу, со показалецот.

Затвори Кошничка
Затвори Желби
Неодамна прегледани Затвори

Затвори
Навигација
Категории