Прогресивни леќи, дознајте ги придобивките!

Прогресивни леќи, дознајте ги придобивките!

Прогресивните очила изгледаат исто како и обичните очила со само еден диоптер, а всушност содржат целосен опсег на диоптри и го корегираат видот на сите растојанија. Тие немаат видливи транзиции помеѓу различни диоптри или задебелување на леќите, како што е случајот со бифокалните леќи. Подолу, дознајте сè за прогресивните очила, основните придобивки и недостатоци.

Дали полека откривате дека кога читате весник или книга веќе немате „доволно долга рака“ за да го прочитате текстот? Дали забележувате дека кога читате барате се повеќе светлина и дека очите се побрзо Ви се заморуваат? За жал со текот на времето доаѓате во ситуација кога очните леќи почнуваат да ја губат својата еластичност. Немојте да се грижите, прогресивните очила се решението!

Која е разликата помеѓу прогресивните и бифокалните леќи?

Прогресивните или мултифокалните леќи, како што е името „мулти“, овозможуваат остар вид на сите растојанија, за разлика од бифокалните леќи, кои обезбедуваат остар вид на само две растојанија. Бифокалните леќи до одреден степен го решаваат проблемот со видот на далеку и близина со едни очила, но ова не е идеално решение. Ако сакате да работите со нив пред Вашиот монитор, тогаш настанува проблемот. Поточно, проблемот е со средните растојанија. Исто така, очилата со бифокални леќи не изгледаат естетски пријатно, бидејќи истакнатиот дел за читање може да се забележи на прв поглед.

Прогресивни леќи, дознајте ги придобивките!

Што се прогресивните очила?

Мултифокалните или прогресивните леќи имаат повеќе диоптри со постепено преминување помеѓу јачината на диоптрите. Тие се користат за да се поправат грешките на рефракција на сите растојанија; од далечни предмети, предмети од средно растојание, до блиски објекти. Очилата со прогресивни леќи се целосно прилагодени за да одговараат на потребите на секојдневниот живот, затоа ставете ги наутро и извадете ги навечер. Тие ви даваат остар вид на сите растојанија без да менувате очила.

Затвори Кошничка
Затвори Желби
Неодамна прегледани Затвори

Затвори
Навигација
Категории