Готови очила за читање – Да или не?

Сигурно сте забележале во некоја продавница или пак аптека како се продаваат готови очила за читање и се прашувате зошто се толку ефтини? За жал, познато е дека ваквите очила не можат да ги заменат индивидуално направените очила, според рецепт на оптометрист или офталмолог. 

Повеќето луѓе по 40-годишна возраст забележуваат проблеми со видот од блиску. Овој феномен се нарекува презбиопија. Презбиопија се јавува поради промени во структурата на леќата на окото, што станува помалку флексибилно со возраста и ја губи можноста за фокусирање на блиски растојанија. Кога тоа ќе се случи, потребно е да се стават очила со плус диоптрија, за да се гледа појасно одблизу. Колку е постара личност, толку е посилна диоптријата за да се постигне јасна слика. 

Колку луѓе имаат ист диоптер во обете очи? Колку луѓе имаат растојание од зеницата што одговара на леќите на готовите очила? 

Очилата со рецепт можат да исправат неколку различни проблеми со видот, вклучувајќи кратковидост, далекувидост и астигматизам. Покрај тоа, очилата за рецепт се направени специјално за вашите очи. Од друга страна, готовите очила за читање се масовно произведени и имаат само една цел – да ја зголемат сликата што ја гледате одблизу. 

Она што можеме со сигурност да го кажеме е дека тие што носат готови очила нема да ослепат, но треба да се нагласи дека тие можат да создадат бројни проблеми. Голем број на офталмолози и оптометристи со години предупредуваат дека се зголемува бројот на луѓе кои користат готови очила, што е дефинитивно загрижувачки.

***********************************************************

За било какви прашања поврзани со оваа тема, слободно консултирајте го тимот на Бела Виста на бројот +389 2 3111 721

Доколку сакате да закажете оптометриски преглед, тоа можете да го направите онлајн на следниот линк.

Затвори Кошничка
Затвори Желби
Неодамна прегледани Затвори

Затвори
Навигација
Категории